Челси мака мачи да ги задржи Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен во своите редови и во иднина. Договорите на стоперите завршуваат ова лето и се поверојатно е дека ќе заминат од „Стемфорд Бриџ“ во потрага по поголеми примања.
Со поука од случајот „Рудигер“, актуелниот шампион на Европа веќе работи на продолжување на соработката со Мејсон Маунт, младата ѕвезда која потекнува од младинската школа и покрај тоа што неговиот договор истекува во 2024 година.
Репрезентативецот на Англија оваа сезона е речиси незаменлив во редовите на „сините“. 23-годишникот настапи на 21 натпревар од можни 24 во Премиерлигата и притоа забележа седум гола и шест асистенции па неговата цена на „Трансфермаркт“ достигна 75 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА