Дваесет и дeветтото издание на Купот на Македонија кој од претходната сезона го носи називот „Благоја Георгиевски – Буштур“ почнува денеска со четвртфиналните средби, а ќе заврши во недела од 19 часот кога ќе биде познат освојувачот на трофејот.
На него учество ќе земат МЗТ Скопје, Работнички, Пелистер, ТФТ, Феникс 2010, Гостивар, Еуро Никел и Академија ФМП, тимовите кои по 14. одиграни средби во Првата лига се најдоа на првите осум позиции на табелата.
Четвртфиналните средби почнуваат со парот Пелистер и ТФТ од 12 часот, а ќе продолжат со натпреварите меѓу МЗТ Скопје и Гостивар од 14.30 часот, Работнички и Феникс 2010 од 17 часот и Академија ФМП и Еуро Никел од 19.30 часот.
View this post on Instagram
Во Купот нема фаворити, го освојува оној кој ќе покаже поголема мотивација да одигра три натпревара во три дена па така МЗТ Скопје и Работнички ќе целат да стигнат до 11. трофеј во својата историја, Гостивар и Еуро Никел до третиот, а Пелистер, ТФТ, Академија ФМП и дебитантот Феникс 2010 до првиот во своите витрини.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА