Барселона стигна до шестата победа во Лигата на Шампионите откако славеше на гостувањето во Романија против Динамо Букурешт со 30-35. Доброто отварање на натпреварот на каталонците им донесе комотна предност уште од самиот почеток на мечот, а искусниот шпански состав ја задржа истата до самиот крај.
Со новата победа Барселона се искачи на делба на втората позиција на табелата во групата „Б“, додека Динамо Букурешт останува на последната позиција со три победи колку што има и Порто.
Неизвесниот натпревар во Норвешка помеѓу Елверум и Кил им припадна на гостите кои славеа со 30-31. Домашниот тим беше подобар противник во поголемиот дел од првото полувреме во кое имаше и позитива од три гола, но серијата од 2-0 во самиот финиш на Германците им донесе негатива од само еден гол (15-14).
Изедначениот ритам продолжи и во поголемиот дел од второто полувреме во кое Кил беше оној кој поведе со разлика од три гола, но исто како и Елверум не успеа да ја задржи по што норвешкиот состав изедначи на 30-30, а херојот на гостите беше Зарабец кој го постигна последниот гол на мечот.
Со овој триумф Кил се искачи на втората позиција на табелата, додека Елверум остана на 5. место со скор од 3 победи, 2 реми средби и 6 порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА