Загреб стигна до втората победа во низа во Лигата на Шампионите откако во 11. коло славеше на домашен терен против фаворизираниот Сегед со 26-24. Доборот отварање на натпреварот им донесе на Хрватите предност во текот на целиот меч која умешно ја задржаа и покрај налетот на унгарскиот состав во второто полувреме.
Серијата од 5-0 на самото отварање на натпреварот им донесе на домаќините предност од 5-1 во воведните минути, а подоцна позитивата се искачи на и +5 (8-3) по што на полувремето „модрите“ заминаа со 14-10. Унгарците се обидоа да се вратат во натпреварот во второто полувреме, но наблиску стигнаа до негатива од само еден гол. Хрватскиот состав одолеа на секој обид за изедначување по што на крајот на средбата ја врати предноста од три гола за мирен финиш.
Загреб е воедно и следен противник на Вардар во Лигата на Шампионите, а на натпреварот во Скопје на 23. февруари двата тима ќе влезат на крилјата на победите откако „црвено-црните“ вчера славеа против Монпелје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА