Веспрем го избра наследникот на Дејан Манасков

Веспрем  пред неколку дена објави дека нема да потпише нов договор со Дејан Манасков, а денеска се појави и информација околу тоа кој ракометар ќе го замени Македонецот во редовите на унгарскиот гигант.

Станува збор за Бјарки Мал Елисон, левото крило на исландската репрезентација кое начелно ги договори условите за соработка со Веспрем за наредните две сезони. Елисон во претходните три години го носеше дресот на Лемго, договорот со бундеслигашот му истекува на крајот од сезонава, по што без никаква отштета ќе се пресели во Унгарија.

Елисон со овој трансфер станува вториот Исланѓанец што ќе го облече дресот на Веспрем, по Арон Палмарсон, кој настапуваше за овој тим од 2015 до 2017 година.

Се вчитува...