Ненад Димитријевиќ и Валенсија не успеаја да се пласираат во полуфиналето од завршниот турнир во Копа дел реј, откако во драматичен дуел загубија од Мурсија со резултат 83-86.
Првото полувреме мина во апсолутна доминација на тимот на Мурсија, кој на одмор замина со огромни 19 поени разлика (33-52). Димитријевиќ и соиграчите блеснаа во третиот период, кога за десет минути направија серија од 33-9 и целосно ја презедоа контролата над резултатот. Валенсија водеше се до две минути до крајот, кога Мурсија ја презеде контролата, направи пресврт и предводена од Мекфејден (поранешниот играч на Карпош Соколи) стигна до триумф.
Македонскиот репрезентативец со 13 поени беше меѓу најдобрите поединци во својот тим, каде во главна улога беше Риверо со 20, пред Препелич со 19 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА