Канингем е МВП во новиот натпревар на новајлиите на „Ол-стар“

Со натпреварот меѓу кошаркарите кои ја играат својата прва и втора сезона во НБА лигата почна „Ол-стар“ викендот во Кливленд.

Победа во новиот систем во кој играа четири екипи ја однесе тимот на легендарниот Рик Бери. Неговата екипа во полуфиналето ја совлада екипата на Гери Пејтон, додека во финалето беше подобра од таа на Ајзеа Томас.

Полуфиналето се играше до педесет поени, додека финалето се играше до 25 поени. Финалниот меч беше завршен со резултат 25-20 за тимот на Бери. За МВП беше прогласен играчот на Детроит Пистонс, Чед Канингем кој годинава беше избран за прв пик на НБА драфтот.

 

Се вчитува...