Свингс и Скоутен најдобри во масовниот старт во брзо лизгање

Белгиецот, Барт Свингс е победник на трката во масовен старт во брзо лизгање во машка конкуренција со која се заокружуваат настапите во овој спорт на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Белгиецот до златниот медал стигна откако во финишот изненадувачки успеа да ги добие големите фаворити. Сребрениот и бронзениот медал им припадна на Корејците, Јае Вон Чунг и Хон Сеунг Ли.

Кај дамите Ирене Скоутен стигна до третото злато на игрите во Пекинг. По  најсјајните одличја на 3000 и 5000 метри таа триумфираше и на денешниот масовен старт со време од 8:14.73 минути. Среброто и припадна на Канаѓанката, Ивани Блондин, додека бронзена беше Франческа Лолобриџида од Италија.

Утрово беше одигран и финалниот меч во карлинг на машкиот турнир каде златото и припадна на Шведска која беше подобра од Велика Британија со 5-4. Вчера во мечот за бронзениот медал Канада ги совлада Соединетите Американски Држави.

Се вчитува...