Фергусон: ВАР ме полудува!

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон го коментираше воведувањето на ВАР технологијата во фудбалот. Тој кажа дека не ја разбра потребата од ваков систем со видео од помошни судии.

„ВАР ме полудува. Навистина не ги разбирам овие работи“, рече 80-годишниот Фергусон.

Фергусон беше тренер на Јунајтед од 1986 до 2013 година, во златната ера на екипата од „Олд Трафорд“ и освои се што можеше да се освои. Со тимот освои 13 титули првак на Англија, три пати ја освои Лигата на шампионите, а ФА Куп трофејот го креваше пет пати.

Се вчитува...