Капитенот на Милан, Алесио Ромањоли би можел на крајот да заврши во Лацио. Римскиот клуб во Ромањоли гледа замена за Луис Фелипе кој како слободен ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.
Според информациите, Лацио му нуди на Ромањоли договор на пет години, со кој ќе заработува 3,2 милиони евра плус бонуси.
Засега Милан преговараше со Ромањоли, но не ја договорија платата, и преговорите во моментов се во „ќорсокак“. Со Ромањоли, Лацио би добил големо засилување во дефанзивата за следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА