Ракометарите на Охрид денеска издвојуваа лесна победа на гостувањето во Прилеп. Од почетокот до крајот, гостите имаа предност која ја одржуваа, и на крајот дојдоа до највисоката предност од девет разлика, како што и заврши натпреварот.
Уште на полувремето охриѓани покажаа сила, и дека се дојдени во Прилеп за да победат, па така имаа предност од пет гола (9:14).
Во вториот дел долго време се играше гол за гол, се до 20:25, а потоа Охрид направи предност и од седум разлика, на крајот стигна и до највисоките девет за конечни 21:30.
Најефикасен на средбата беше Додиќ со осум гола, а зад него Николов со шест гола. Во таборот на Прилеп Трајковски постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА