Машката хокеарска репрезентација на Финска, го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Пекинг. Во финалето Финците во финалето, на последниот ден од натпреварувањето ја совладаа селекцијата на Русија, која го бранеше трофејот.
Победничкиот гол беше дело на Ханес Бронинен на почетокот на третата третина. Стрелец во екипата на Финска беше и Вила Пока, додека единствениот гол за Русија го постигна Михаил Григоренко и тоа за водство.
За доминацијата на Финска на овој меч, говори податокот дека рускиот голман Федотов имаше 29 одбрани.
Финска така го освои првото злато во хокеј, а претходно најдобар резултат им беше сребрен медал во 1988 и 2006 година. Финците го завршија турнирот со сите седум победи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА