Фудбалерот од средниот ред на Лил, Ренато Санчез би можел да потпише со Милан следното лето за сума од 20 милиони евра. Санчез има договор со францускиот тим до лето 2023, и по завршувањето на сезоната е последната можност тимот да заработи на негов трансфер.
Италијанскиот тим веќе долго време е заинтересиран за Санчез, а има конкуренција и од Барселона. Сепак, Барса со сите сили ќе се обиде да го потпише Франк Кеси, а Санчез би бил идеална замена при евентуално негово заминување.
Од францускиот клуб јавно признаваат дека тешко ќе одолеат на понудите за нивниот играч, и дека налето најверојатно ќе биде прифатена добра понуда за неговите услуги и ќе му биде овозможено да си замине.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА