Фиорентина славеше со минимални 1-0 на домашен терен против Аталанта во натпревар од 26. коло во италијанската Серија А.
Кшиштоф Пјонтек во 56. минута донесе водство од 1-0 за домаќините, што на крајот се покажа дека е доволно за нов триумф во калчолигата сезонава.
До крајот за издвојување е и сомнителната ситуација по која полудеа гостите. Голот на Малиновски во 61. минута беше поништен поради офсајд, а тренерот Гасперини откако полуде по судиската одлука доби директен црвен картон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА