Македонскиот интернационалец Дориан Бабунски, донесе победа на Дебрецен на гостувањето против Пушкаш Академија во рамките од 21. коло од унгарскиот шампионат.
Бабунски погоди најпрво во 17. минута, а потоа стрелаше и во 70. минута за конечни 0-2. Потоа Дориан излезе од игра во 73. минута. Играше од првите минути и неговиот брат Давид, кој ја напушти играта во 61. минута.
Воедно, ова беа првите два гола во дресот на Дебрецен на Бабунски, кој зимава отиде во Унгарија од тимот на Ботев Враца.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

