Македонецот Хусмани двоен стрелец во победата на Домжале кај лидерот

Македонскиот интернационалец Зени Хусмани ги постигна двата гола за екипата на Домжале, со кои тимот дојде до големи три бода на гостување кај лидерот Копер.

Хусмани во 33. минута најпрво погоди, а потоа исто така стрелаше и во 55. минута од средбата за голем триумф. Со овие два гола, Хусмани стигна до бројката четири погодоци во тековниот дел од сезоната.

За Домжале играше и Сенијад Ибричиќ, екс играчот на Вардар. Со овој триумф Домжале се чини го обезбеди опстанокот во Лигата, и сега ќе се обиде да обезбеди место во Европа.

Се вчитува...