Кошаркарките на Баскет Кам дојдоа до вториот по ред трофеј во Купот. По подолго време, Јелена Антиќ се врати во македонската кошарка. И веднаш, со нејзина голема помош, стигна вториот Куп-трофеј во Македонска Каменица.
„Имавме добар резултат минатата година, а на овој меч Бадел 1862 беше фаворит и среќни сме што собравме сили по вчерашниот тежок меч во кој се истрошивме максимално и со солидна игра дојдовме до трофејот. Честитки за Бадел 1862, но вечерва среќата беше на нашата страна“, рече Антиќ.
Попладнево, Баскет Кам триумфираше со три разлика, благодарение на победата во продолжението откако регуларниот дел заврши нерешено 58:58.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА