Играше за Италија, беше како крал, а сега е подстанар: „Од 20 илјади евра дневно, стигнав да имам само 10“

Многумина фудбалери откако ќе ги завршат кариерите и остануваат без пари, увидуваат какви грешки направиле, па се приморани да бараат нови работи за да преживеат.

Таков пример е Фабио Сантакроче, поранешниот италијански репрезентативец кој играше во неколку клубови во Италија, редовно играше и во младата репрезенатција.

Сантакроче веќе некој период е во пензија, а љубителите на „Калчото“ го познаваат играјќи во дресот на Наполи и Парма.

Во текот на кариерата зараборуваше одлично, а кариерата му ја уназади тешката повреда, жените и алкохолот иако тврди дека никогаш не си допуштил дрога.

„Се обидував да објаснам, но имаше многу гласини за моите излегувања. Имав 20 илјади евра дневно, а спаднав на тоа да имам само 10. Со толку морав да ги хранам моите две ќерки. Среќа фамилијата ми помогна и мојата сопруга. Фудбалот е убав, но за мене претставуваше и самотија. Немав никој да ме заштити, никој кој би управувал со мојот живот и кој би ги корегирал грешките кои ги правев“, рече Сантакроче.

Се вчитува...