Ненад Димитријевиќ по едногодишна пауза повторно ќе го облече дресот на македонската репрезентација, откако одличниот плејмејкер ги надминал несогласувањата со селекторот Бајиќ и со челниците на федерацијата и ќе се стави на располагање на дуелот во Скопје против репрезентацијата на Грузија.
Асот на Валенсија својот последен настап за „црвено-жолтите“ го имаше на „балонот“ во Русија во квалификациите за Евробаскет 2021, каде Македонија не успеа да се пласира на континенталниот собир. Во меѓувреме дојде до селекторска смена, а Бајиќ на прес-конференција организирана со претседателот Антиќ јавно го критикуваа Димитријевиќ поради неговото доаѓање во претквалификацискиот циклус.
Најдобриот македонски плејмејкер потоа не настапи ниту на стартот од новиот квалификациски циклус, пропуштајќи ги пресметките со Шпанија и со Украина, на кои нашата репрезентација забележа два порази.
За среќа, недоразбирањата се надминати, па Димитријевиќ ќе му биде на располагање на селекторот Бајиќ за еден од двата натпревари со Грузија. Тој се мачи со повреда на грбот поради која нема да патува со селекцијата во Тбилиси, но ќе биде во комбинација за дуелот во Скопје со истиот ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА