Голманот Борко Ристовски го продолжи договорот со македонскиот шампион Вардар за уште една сезона и ќе го чува голот на “црвено-црните” до 2023 година. Екс-репрезентативецот на Македонија се врати пред две години во Вардар, од португалската Бенфика и донесе сигурност меѓу стативите на македонскиот тим.
Оваа информација ја потврди самиот ракометар на денешната прес-конференција во пресрет на клучниот дуел на неговиот тим во Лигата на шампионите против ППД Загреб.
„Ја продолжив соработката со Вардар за уште една година. Ќе настапувам и понатаму за „црвено-црните“ и ќе продолжам да бидам поддршка на Томовски и Гогов. Не можам да кажам дали следната ќе биде последна, се чувствувам добро, немам повреди и тренирам добро“, изјави Борко.
39-годишниот Ристовски во својата богата кариера има настапи во првенствата во Франција, Шпанија и Германија, а во Вардар ја минува својата трета ера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА