Стефан Додиќ е најново засилување на ракометниот шампион на Македонија, Вардар. Младиот ракометар во „Јане Сандански“ доаѓа од редовите на Охрид каде беше дел во првиот дел од сезоната.
Тој во Охрид дојде од редовите на Металург, каде доби епитет на голем талент, а со тоа го привлече вниманието и на останатите европски гиганти. Тој од следната сезона ќе биде дел од полски Кјелце, но во игра е и позајмица во Вардар каде би останал и следната сезона.
Додиќ во првиот дел од сезоната беше еден од најдобрите ракометари на РК Охрид и главен виновник за пласманот во плеј-оф од суперлигата на охридскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА