Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ нема да патува заедно со кошаркарите, бидејќи не му е дозволен влез во Косово. Македонската репрезентација на мечот против Грузија ќе игра во Тбилиси, но целото патешествие ќе почне од Косово.
Од таму кошаркарите ќе заминат за Истанбул, од каде ќе имаат авионски лет за Тбилиси. Селекторот ќе ја води Македонија на мечот против Косово, но нема да биде дел од еден од двата предвидени тренинзи, бидејќи ќе мора порано да тргне кон турската престолнина.
„Во моментов се наоѓам во Скопје и сум шокиран од информацијата дека не ми е дозволено да влезам во Косово. Ова направи голем проблем на македонската федерација, бидејќи мораа да барат алтернативни решенија како да стигнам до Истанбул, од каде што после летаме кон Тбилиси. Решението е најдено, но со напомена дека ќе мора да пропуштам еден од двата предвидени тренинзи, бидејќи ќе мора порано да тргнам кон турската престолнина“, изјави Бајиќ за „Српски инфо“.
Селекторот Бајиќ на мечот против Грузија нема да може да смета на Ненад Димитријевиќ и Андреј Магдевски. Натпреаврот меѓу Грузија и Македонија е закажан за во четврток од 16 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА