Љамчевски: Ваквите натпревари се секогаш најтешки, целта на Тиквеш е директен опстанок

Тиквеш во недалата во финишот го скрши отпорот на „фенерџијата“ Пелистер и успеа да оствари триумф од 1-0, важен за одлепување од последните две места кои носат директно во втората лига. Вака кавадарчани во моментов се наоѓаат во ситуација да играат бараж, иако не кријат дека целта е директен опстанок.

Херојот на Тиквеш во неделата беше Благоја Љамчевски, левиот бек кој што потекнува од фудбалската школа на Пелистер. Иако се очекуваше лесна победа, сепак, на крајот тој еден гол беше одлучувачки.

„Ваквите натпревари се секогаш тешки за играње, кога се мора да се победи. Психолошки беше многу тешко за играње, а сега полесно се дише. Остваривме тешка победа. Среќен сум за постигнатиот гол и за победата“, рече Љамчевски кој по постигнатиот гол не славеше од почит кон својот матичен клуб.

Љамчевски вели дека сега целта е директен опстанок во „елитата“.

„Целта е да избориме чист опстанок, без да играме бараж и ќе дадеме се од себе. Се надевам дека оваа победа ќе биде мотив за да почнеме да освојуваме бодови и на гостински терен, и на крајот да имаме доволно бодови за директниот опстанок“, вели играчот на Тиквеш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...