Селекторот Бајиќ позитивен на Ковид-19 – останува во Скопје за мечот во Грузија

Македонската кошаркарска репрезентација ја очекуваат два натпревара против Грузија во квалификациите за Светското првенство 2023, а и покрај големиот број на откажувања поради повреда „црвено-жолтите“ на гостувањето во Тблиси ќе бидат и без селектрот Драган Бајиќ кој е позитивен на Ковид-19.

Селекторот нема да патува во Грузија и ќе остане во Скопје и во следниот период, а засега останува неизвесно дали ќе биде на клупата за вториот натпревар кој ќе биде одигран во нашиот главен град во недела.

Нашите кошаркари вечерва заминуваат за Грузија, а таму ќе бидат предводени од помошниците на Драган Бајиќ, Адмир Прасовиќ и Александар Јончевски.

Се вчитува...