Олимпискиот вицешампион во таеквондо, Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал на „Президент Купот Г2“ кој се одржува во Албанија.
Тој во финалето исто како и на Летните олимписки игри во Токио минтата година беше поразен од Русинот, Ларин. Георгиевски подобро ја почна борбата и брзо стигна до водство од 4-0. Русинот возврати со иста мера, а во финишот со серија од 15 поени успеа да стигне до победата.
Дејан Георгиевски е само еден од плејадата македонски таеквондисти од кои очекуваме да обезбедат норма на Летните олимписки игри во Париз 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

