Влаховиќ погоди за 32 секунди, но знаете ли кој е најбрзиот гол во историјата во ЛШ? (ВИДЕО)

Душан Влаховиќ влезе во историјата во Лигата на шампионите со тоа што постигна најбрз гол како дебитант во ова натпреварување.

Влаховиќ постигна гол за 32 секунди на „Керамика“ во Вилјареал, но тоа е далеку од рекордот кој го држи екс играчот на Баерн Минхен, Рој Макај. Тој против Реал Мадрид погоди за 10 секунди игра, и тешко дека некој ќе го повтори тоа. Беше тоа во сезоната 2006/2007.

Салихамиџиќ украде една топка по десната страна, го проигра Макај кој ја смести топката зад грбот на Касилјас.

Инаку најблиску да го сруши тој рекорд беше Демба Ба кој во 2014 година се обиде директно од центар, и за малку не погоди во мрежата на Арсенал. Шчесни успеа да одбрани и така да спречи најбрз гол во Лигата на шампионите.

Се вчитува...