Македонската сениорска репрезентација е веќе во Тбилиси, каде утре попладне против Грузија ќе го игра натпреварот од третото коло групата „Г“ од квалификациите за Светскиот Куп 2023 година.
Особено хендикепирани со отсуството на селекторот Драган Бајиќ, кој е „позитивен“ на корона вирусот, како и на неколку важни, за овој ростер, кошаркари, меѓу нив и Ненад Димитријевиќ.
Својот 24. роденден играчот на шпанската Валенсија ќе го послави во родното Скопје, и ќе се обиде во овие неколку дена да биде подготвен за натпреварот против истиот ривал кој ќе се игра на 27.февруари во Скопје.
Се надева дека ќе биде подготвен за настап на натпреварот кој го играме пред својата публика во А1 Арената Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
„Сезонава имам повеќе проблеми со повредите и затоа одиграв помал број натпревари и за Валенсија. Но, кога веќе дојдов тука ќе го дадам максимумот за да бидам подготвен за вториот натпревар со Грузија. Овие два натпревари се многу важни за нас, особено тој во Скопје. Треба да го одбраниме домашниот терен и да продолжиме да работиме за следните натпревари со Украина. Во професионалната кошарка нема млади и стари играчи, има само добри и лоши. Не чувствувам никаков притисок кога го носам националниот дрес, среќен сум што ме сметаат за лидер на оваа генерација“ – вели Димитријевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА