После вчерашниот натпревар во Лигата на шампионите, и голот во 32 секунда против Вилјареал, шпанските медиуми се фокусираа кон Душан Влаховиќ. Тие открија дека во 2020 година, Влаховиќ можел да заврши во Барселона и тоа за неверојатни 18 милиони евра.
Наводно летото 2020 година, Влаховиќ бил понуден на Барселона, но за „Каталонците“ 18 милиони евра кои требало да ги платат биле премногу. Фиорентина потоа понудила позајмица на една сезона, со задолжителен откуп, но и тоа било одбиено.
Тренерот во тоа време Роналд Куман рекол „не“ за овој трансфер. Две години подоцна Влаховиќ за 80 милиони замина во Јувентус, и веќе руши рекорди со торинскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

