Симеоне: Јунајтед е еден од најдобрите клубови во светот, едноставно немаат слаби играчи во тимот

Атлетико Мадрид, вечерва, ќе биде домаќин на Манчестер јунајтед, во рамки на првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите. Овој дуел ќе биде прв на два тима, кои имаа големи амбиции на почетокот на сезоната, а кој до крајот на истата ќе водат голема борба во националните првенства да изборат место меѓу најдобрите четири екипи.

Атлетико нема да ја одбрани титулата во Шпанија, тоа е јасно по серијата на лоши резултати која започна во декември минатата година. Во претходната деценија, во ерата на Чоло Симеоне, Атлетико примале во просек 0,7 голови по натпревар. Тренеот на Атлетико има огромни проблеми со повредени играчи. Вечерашниот натпревар ќе го пропушат капитенот Коек, Тома Лемар и Даниел Вас, а поради суспензија нема да настапи и Јаник Караско.

„Мислам дека не грешам, вечерва ќе се сретнеме со еден од најдобрите клувови во светот. Во последните 14 натпревари „црвените ѓаволи“ имаат само еден пораз. Со новиот тренер Јунајтед доби стабилност, посветеност и тимска работа. Напредуваат со новиот менаџер“, изјави Симеоне.

Симеоне смета дека опасноста за неговиот тим нема да доаѓа само од Роналдо.

„Станува збор за силна, динамична и храбра екипа, со одлични напаѓачи. Имаат цврстина во одбраната, физички се силни, особено нивните дефанзивци и дефанзивните играчи во средниот ред. Секогаш ги проценувам добрите страни на противникот, се надевам дека ќе најдеме начин да им наштетиме“, заклучи Симеоне.

Се вчитува...