Косово денеска доби нов селектор во познатото француско име Алан Жирес. Жирес во 1998 година го водеше тимот на ПСЖ, а потоа беше на клупата на Тулус. Селекторска кариера има од 2004 година кога ја презеде селекцијата на Грузија, а ги водеше и репрезентациите на Габон, Мали, Сенегал и Тунис.
Во последните три години е без ангажман, а сега ќе го води Косово, на местото на Бернард Шаланд кој беше на клупата на селекцијата на нашиот северен сосед кој беше на клупата од 2018 до 2021 година.
Жирес е искусен стручњак кој има 69 години. Како играч е легенда на Бордо за кој одигра преку 520 натпревари, а своевремено беше и репрезентативец на Франција за која има 47 настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА