И Бобан Грнчаров во стручниот штаб на Вардар (ФОТО)

Поранешниот капитен на најтрофејниот македонски клуб, Бобан Грнчаров е нов член на стручниот штаб на ФК Вардар.

Од клубот информираат дека Грнчаров ќе се приклучи на Никола Глигоров во стручниот штаб, со кого и беа соиграчи во црвено-црните редови.

Грнчаров како фудбалер на Вардар има повеќе од 100 настапи за првиот тим, а беше член и на генерацијата која што за првпат настапи во групната фаза на Лигата на Европа.

Се вчитува...