Квалификации за СП 2023: Младата Македонија на тешко гостување во Грузија

Денеска од 16 часот во Спортската палата во Тбилиси, македонската кошаркарска репрезентација и гостува на Грузија во третото коло од квалификациите за Светското пренство 2023. По поразите од Шпанија и Украина нашите избраници ќе ја бараат првата победа во нив, но за позитивен исход против фаворизираните Грузици нема да биде лесно.

Поготово доколку се земе во обѕир поради низа на повреди повторно нема да бидеме комплетни, а на теренот ќе истрчаме со неколку доскорешни репрезентативци до 18 и 20 години. Сепак шансата да настапат за татковината и под вакви околности мора да биде мотив за докажување, а срцето да биде оставено на терен.

„Кога е во прашање играњето за репрезентацијта тоа подразбира дека ќе дадеме се од себе. Дека ќе го дадеме нашиот максимум за позитивен резултат, се надевам – победа. Небитно е кој е во состав, а кој не е. Ние ќе излеземе на терен, да не се повторувам, ќе дадеме се што имаме за да го добиеме натпреварот, и да ја израдуваме целата нација. Добро се познаваме со соиграчите. Долго време настапуваме заедно, добри пријатели сме надвор од теренот, и мислам дека тоа нема да биде најголем проблем. Најбитно од се е да излеземе на терен да дадеме максимум, па што биде нека биде“, вели Кристијан Николов.

„Црвено-жолтите“ бои денеска ќе ги бранат: Андреј Митревски, Кристијан Николов, Павел Данаиловски, Дамјан Робев, Максим Митевски, Виктор Ефремовски, Војдан Стојановски, Андреј Маслинко, Валмир Какруки, Џејкоб Вајли, Бојан Крстевски и Теодор Симиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Вториот прозорец на ФИБА е во знакот на Македонија и Грузија па со оваа репрезентација ќе одиграме уште еден натпревар, в недела во СЦ „Борис Трајковски“.

Се вчитува...