Ромело Лукаку и натаму не е среќен во Челси, а и навивачите се свртија кон него по интервјуто во кое кажа дека секогаш би се вратил во Интер, во меѓувреме влезе во лоша форма, и се повеќе е на клупата за резерви.
Лукаку за сума од 120 милиони евра од Интер летоска замина во Челси, но засега не ги оправдува очекувањата. Се чини дека Белгиецот донесе лоша одлука со враќањето на „Стемфорд Бриџ“, а италијанските медиуми веќе пишуваат дека напаѓачот ги контактирал челниците на Интер, од кои барал да биде вратен, ако е тоа можно летоска.
Ова го објави „Ла Газета дело спорт“ и напоменува дека Белгиецот веднаш би прифатил да се врати на „Меаца“ каде што го имаше врвот на кариерата. Лукаку бил подготвен да стори се, само да се оствари овој трансфер.
И натаму не е познато што му одговориле челниците на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА