Утре вонреден состанок на извршниот комитет на УЕФА по случувањата во Украина

Извршниот комитер на УЕФА утре во 12 часот по руско време ќе одржи вонреден состанок по повод ситуацијата во Украина.

Членовите на извршниот комитет ќе ја проценат ситуацијата и ќе ги превземат сите неопходни одлуки, се вели во соопштението.

Претходно европратениците ја повикаа УЕФА да го одземе финалето на ЛШ во Санкт Петербург годинава.

Рускиот претседател Владимир Путин донесе одлука за специјална операција над Украина.

Се вчитува...