УЕФА за утре закажа вонреден состанок на кој ќе се разгледува опцијата околу домаќинството на финалето во Лигата на шампионите, кое требаше да се игра во рускиот град Санкт Петербург. Но, по инвазијата на Русија врз Украина, многу веројатно е дека УЕФА ќе повлече потег и ќе го одземе домаќинството на овој град, и ќе го додели на друг.
Претходно се шпекулираше дека една од опциите е и Лондон, но и таму нема да може да се игра, со оглед дека тој стадион ќе биде зафатен тој период со плеј-офот во Чемпионшип.
УЕФА има неколку опции, односно трета варијанта која ќе биде соопштена наскоро. Засега се шпекулира за Минхен, Париз, Мадрид, Рим…
Исто така се очекува УЕФА да расправа и за баражите за СП, односно за Русија која треба да биде домаќин на селекцијата на Полска во Москва. Ако победи, тогаш Русија одново во Москва ќе го пречека победникот од мечот Шведска – Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА