Македонската кошаркарска репрезентација на полувремето од натпреварот против Грузија кој се игра во Тбилиси во третото коло од квалификациите за Светското првенство 2023 има негатива од 46-31.
Грузиците расположено го отворија натпреварот по што во текот на целото полувреме ја задржаа предноста во свои раце, а преку добрата одбрана која дозволи само два наши поени за шест и пол минути, како и одличната соработка помеѓу Тадус Мекфаден и Гиорги Шермадини во нападот стигна и до високата предност.
Грузија доминира во рекетот со 18 постигнати поени, а и покрај тоа што успеаваме да парираме во скок играта (22-19), во наша полза не е реализацијата која брои скромна 28 отстотност со реализација 9/11 за еден, 5/19 за два и 4/13 за три поени, па јасно е дека многу работи треба да се променат во вторите 20. минути доколку сакаме со победа да се вратиме од Тбилиси.
Лидер на Македонија е Војдан Стојановски со девет постигнати поени, додека него го следи Робев со шест поени и три скока. Мекфаден со 18 поени и 6 скока е прво име кај Грузија, додека Шермадини постигна 14 поени на кои додаде и 6 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА