Купот Благоја Георгиевски – Буштур ни донесе многу возбудливи натпревари со триумф на ТФТ над МЗТ Скопје во финалето, но на истиот можевме да проследиме и незадоволство кај играчите и стручните штабови за делењето на правдата, а јасно е дека незадоволството ќе продолжи и по Билтенот на Кошаркарската федерација на Македонија.
На него се израчени казни од вкупно 130 илјади денари, најголемиот дел од нив поради неспортско навивање, но и техчни грешки. Најголемата индивидуална казна му припадна на тренерот на Пелситер, Марјан Илиевски кој треба да плати 32 илјади денари по пријава на службено лице по член 56.5 за непојавување на задолжителна изјава по завршување на четвртфиналната средба против ТФТ.
За неспортското однесување на Немања Милошевиќ, Феникс 2010 ќе треба да плати 24 илјади денари откако шише кое летна од трибината на зад клупите на двата тима заврши со главата на Црногорецот, а дебитантот во натпреварувањето ќе треба да „искешира“ и дополнителни 8 илјади денари поради неспортско навивање.
Според Билтенот неспортското навивање го одбележа и големото финале па за него екипата на МЗТ Скопје е казнета со 10 илјади денари и дополнителни 10 илјади за фактел на трибината кај што се наоѓаа навивачите во „сино-белите“, додека ТФТ ќе плати казна од 8 илјади денари по истиот повод.
Приговорите кон судиите носеа и технички грешки па така индивидуално казнети се и: Игор Михајловски, Александар Петровиќ, Немања Милошевиќ, Дарко Радуловиќ, Андреј Маслинко, Ландиус Хортон и Дамјан Стојановски. За истата причина колктивно казнети со по 3.200 денари се и Пелистер и Академија ФМП.
Во женската конкуренција поради технички грешки казнети се Дестини од Струга и Цветановски од Баскет КАМ, а стратегот на тимот од Македонска Каменица за полуфиналето и финалето ќе мора да плати и 6 илјади денари поради неформална облека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА