Нов блесок на Јокиќ за триумф на Денвер…, Голден стејт го „здроби“ Портланд (ВИДЕО)

Голден стејт славеше убедлива победа од 95-132 на гостувањето против Портланд во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.

Голден стејт до триумфот беше предводен од Кари со „дабл-дабл“ од 18 поени и 14 асистенции и Томпсон кој заврши со 15 поени. Кај Портланд, кој играше без повредениот Јусуф Нуркиќ, се издвои Симонс со 24 постигнати поени.

Сабонис со 33 поени и 14 скока беше одличен за Сакраменто, за кого не беше доволно да го избегне поразот од Денвер од 110-128. Во победничкиот тим ново одлично издание на Јокиќ со 25 поени, 12 скока и девет асистенции.

Екипата со најдобар скор досега во лигата, Феникс запиша нова победа и тоа на гостувањето кај Оклахома со 104-124. Букер со 25 поени и 12 асистенции беше најдобар поединец кај победникот, а кај поразените се издвои Александер со 25 поени.

Во останатите синоќешни натпревари Детроит славеше со 106-103 над Кливленд, Чикаго на домашен терен ја победи Атланта со 112-108, а Минесота славеше против Мемфис со 119-114. Бостон триумфираше на гостувањето против Бруклин со 106-129.

Се вчитува...