УЕФА го „избриша“ Санкт Петербург: Париз ќе биде домаќинот на финалето во ЛШ

Поради најновите случувања во Украина и нападот на Русија кон оваа земја од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и дефинитивно донесоа одлука финалниот меч од Лигата на шампионите годинава да не се игра во Санкт Петербург.

УЕФА одлучи домаќин на финалниот меч да биде Париз и „Стад де франс“.

Финалниот натпревар ќе се одигра на 28. мај, но наместо во Русија тој ќе биде одигран во главниот град на Франција. Титулата од минатата година ја брани Челси кој во финалето беше подобар од Манчестер сити со 1-0.

Исто така УЕФА донесе одлука руските и украинските клубови во европските купови, да ги играат натпреварите на неутрален терен.

Се вчитува...