Русија во еден ден доби два удари од Европската фудбалска федерација (УЕФА). Само кратко откако ја изгуби организацијата на финалето во Лигата на шампионите кое требаше да се игра во Санкт Петерсбург, а на крајот домаќин ќе биде Париз, Русија доби уште еден и тоа многу поголем удар.
Фудбалерите на Русија нема да бидат домаќини во баражот за Мундијалот во Катар, како што предвиде ждрепката. УЕФА донесе одлука дека сите руски и украински клубови нема да може да бидат домаќини во својата земја, сметајќи ги и репрезентациите, кои до завршувањето на конфликтот нема да може да играат на својот терен.
Тоа значи дека „зборнајата“ ќе има многу потежок пат до Светското првенство во Катар, бидејќи прво ќе мора да игра против Полска најверојатно на неутрален терен, а потоа и против победникот од мечот меѓу Шведска и Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА