Младата репрезентација на Македонија до 16 години го одигра котролниот дуел против екипата на Црвена Звезда во рамки на кампот што се организираше во Кичево. На стадионот „Билјанини Извори”, во Охрид, натпреварот заврши без победник 1-1. Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ може да жалат за пропуштените можности, особено во последните минути од средбата.
Погодоците беа постигнати во второто полувреме. Македонија прва поведе со 1-0, со голот на Ислами во 55. минути. Противникот во 75. минута успеа да го изедначи резултатот.
Нашата млада селекција продолжува со тренинг кампот и подготовките во Кичево по одиграниот контролен меч со Црвена Звезда.
Македонија (У-16) – Црвена Звезда 1-1 (0-0)
Стадион „Билјанини извори”, Охрид;
Македонија: Спаско Ахтаров, Андреј Велков, Анес Мелиќи (к), Никола Стојковски, Генц Кќику, Мартин Јовановиќ, Нуман Ајетовиќ, Валдет Јакупи, Даниел Коцев, Димитар Папазов, Веби Ислами;
Резерви: Амар Хаџибулиќ, Андреј Љубевски, Валдрин Вилца, Мемет Шабани, Дарио Јакимовски, Александар Спасовски, Алтин Алији, Давор Левковски;
Селектор: Вујадин Станојковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА