Италија со протест до Русија за војната со Украина: Натпреварите во Серија А ќе доцнат по пет минути

Фудбалската федерација на Италија одлучи дека преку симболичен протест во Серија А ќе испратат протестна порака до Русија за војната со Украина, па натпреварите од претстојното коло ќе доцнат по пет минути.

Денеска ќе се играат два меча од Серија А, во 18.45 часот на „Сан Сиро“ ќе играат Милан и Удинезе, а од 21 часот Интер ќе ѝ биде гостин на Џенова. Останатите дуели од 27-мото коло ќе се играат во сабота, недела и во понеделник.

Инаку, Русија од вчера презеде воени дејствија на територијата на Украина што сè уште се во тек.

 

 

 

 

Се вчитува...