По победите над Монпелје и ППД Загреб, ракометарите на Вардар ја продолжија победничката серија и во ракометната Суперлига на Македонија, па денес на домашен терен остварија убедлив триумф над Струга со резутлат од 35-22.
Актуелниот ракометен шампион на Македонија го реши натпреварот уште во првото полувреме, откако на противникот не му дозволи никаква игра и го неутрализираше целосно во нападот и одбранта. Вардар на пауза замина со предност од 20-8.
Ниту во второто полувреме Вардар не попушти, „црвено-црните“ одиграа нови триесет минути убедливо, а ваквиот пристап кон играта значеше висок пораз за гостите од 13 гола разлика.
Тимур Дибиров со седум гола беше најефикасен во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Жарко Барјактареви, исто така со седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА