Адем Мекиќ нема да може да помогне на македонската репрезентација ниту на вториот натпревар од двомечот со Грузија во квалификациите за СП, откако последните лекарски прегледи покажаа дека кошаркарот на МЗТ Скопје се уште ја нема санирано повредата заработена на турнирот од Купот на Македонија.
Мекиќ не беше во составот во Тбилиси, се надеваше на камбек за утрешната пресметка во Скопје, но по последните прегледи и консултациите со медицинскиот тим во репрезентацијата беше проценето дека ризикот од обновување на повредата е преголем, па тој утрешниот меч ќе го следи од трибините во СЦ „Борис Трајковски“.
Добра вест за стручниот штаб предводен од Алек Јончевски е враќањето во составот на Ненад Димитријевиќ, а реални се шансите во составот да се појави и Андреј Магдевски, двајца плејмејкери со кои нашата бековска линија би била сериозно посилна во однос на првиот меч во Тбилиси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА