Македонија ќе биде сериозно засилена за денешниот дуел со селекцијата на Грузија (20 часот, СЦ „Борис Трајковски“) бидејќи стручниот штаб на чело со Алек Јончевски на располагање ќе го има и Ненад Димитријевиќ. Плејмејкерот на Валенсија се мачи со незгодна повреда поради која не патуваше со селекцијата во Тбилиси, но ќе биде во комбинација за денешниот натпревар.
Според него, Македонија вечерва ќе покаже далеку подобра игра отколку на првиот дуел во Тбилиси против селекцијата на Грузија.
„Претходните два-три дена правев третмани, се чувствувам многу подобро и подготвен сум да ѝ помогнам на репрезентацијата на натпреварот со Грузија. Мислам дека ќе биде различен меч од оној во Тбилиси. Играме дома, еве и јас можам да помогнам и се надевам на тотално поинаков развој на настаните. Сите веруваме во подобар исход, а атмосферата во тимот е најважна во вакви ситуации“, изјави Димитријевиќ.
Она што ќе биде клучно е да се најде начин да се неутрализираат двајцата клучни грузиски кошаркари, плејмејкерот Мекфејден и центарот Шермадини, кои ни создадоа многу проблеми и на првата средба.
„Познато е дека Мек Фејден и Шермадини, неколку години играат на сериозно високо ниво во шпанската лига. И јасно е дека тие се најсилна страна на грузиската репрезентација. Затоа и ќе се обидеме да ги запреме колку е тоа возможно. Верувам дека можеме“, вели Ненад Димитријевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА