Македонската кошаркарска репрезентација денеска од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ги продолжува квлификациите за Светското првенство 2023. За „црвено-жолтите“ овој натпревар воедно ќе значи и враќање во арената каде беа забележани едни од најдобрите резултати во нашата кошарка.
СЦ „Борис Трајковски“ беше домот на кошаркарите години наназад, во него заедно со публиката беа прославени големи победи против тешки противници, а епилогот од средбите одиграни во скопски Карпош се 12 победи и само два порази.
View this post on Instagram
Тука во квалификациите во 2008 година беа совладани Португалија, Латвија и Естонија, две години подоцна Унгарија, Босна и Хецеговина, Украина и Велика Британија, додека во 2014 година славевме против Данска, Белорусија и Белгија со тројката на Марко Симоновски во продолжението.
Покрај тоа во претквалификациите беа остварени победи над Романија и Косово, а двата порази се од репрезентацијата на Естонија кој последен пат славеше пред две години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА