Доскоршениот тренер на Академија ФМП, Александар Петровиќ е нов стратег на МЗТ Скопје, потврди клубот од Аеродром. За искусниот тренер ова воедно е и враќање во „Јане Сандански“ каде ги преводеше „сино-белите“ во периодот помеѓу 2001 и 2007 година, односно 2009 и 2011 година.
Педесетгодишникот е добро познат во мак-баскетот, а по покрај клубот од Аеродром и Кисела Вода ги водеше и Пелистер, Карпош Соколи и Куманово, притоа вадејќи го најдоброто од играчите.
Во стручниот штаб ќе биде вклучен и поранешниот центар на МЗТ Скопје, Срѓан Станковиќ, а еден од асистетите на новиот тренер ќе биде и Миодраг Тодоровиќ, поранешен кошаркар на Куманово и Ангели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА