Маестро Лука Дончиќ, не можеше да му парира ниту Стеф Кари (ВИДЕО)

Лука Дончиќ продолжи со феноменални игри во НБА. Овој пат го засени најдобриот шутер на денешницата. Далас Маверикс беше домаќин на Голден Стејт Вориорс и на крајот забележа вредна победа од 101-107.

Дончиќ ја продолжи со својата МВП форма. Словенецот го заврши натпреварот со 31 поен и 11 скока и тој беше најдобриот поединец на мечот. Кари на домашен терен беше расположен со 27 поени и 10 асистенции, што не беше доволно да го надмине одличниот Лука.

Портланд Трејл Блејзерс доживеа уште едно понижување без Јусуф Нуркиќ. Денвер Нагетс стигна до победа од 92-124. Никола Јокиќ имаше скромен учинок од само осум поени, но српскиот кошаркар додаде 18 скока и 11 асистенции. Инаку, најдобар поединец во победата на гостите беше Грин со 20 поени и 10 скока.

Срамно издание имаше и ЛА Лејкерс кои загубија од Њу Орлеанс Пеликанс со 95-123. Одличен кај домашниот тим беше Џејмс со 32 поени, додека кај гостите предводеше Мекколум со 22 поени.

РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот Хорнетс – Детроит Пистонс 126: 127

Хјустон Рокетс – Лос Анџелес Клиперс 98:99

Голден Стејт Вориорс – Далас Маверикс 101:107

Портланд Трејл Блејзерс – Денвер Нагетс 92: 124

Лос Анџелес Лејкерс – Њу Орлеанс Пеликанс 95: 123

 

 

 

Се вчитува...