Откако претходно најави дека ќе го тргне името на генералниот спонзор „Гаспром“ од дресовите, Шалке денеска официјално го прекина договорот за спонзорство со руската компанија.
Тимот од Гелезенкирхен најави дека ќе соопшти детали во текот на денот. „Гаспром“ беше главен спонзор на Шалке, но откако почна конфликтот, најпрво клубот најави дека ќе го избрише од дресовите, а сега и официјално нема повеќе да биде спонзор на тимот во кој настапува Дарко Чурлинов.
Но, тоа е најмалиот проблем на тимот на Шалке. Оваа екипа има долгови од 200 милиони евра, а спонзорот им носеше 400 милиони, со што се очекуваше тимот да се стабилизира и да се врати во првата Бундеслига. Вака по раскинувањето на договорот останува целосно неизвесна ситуацијата.
Викендов фудбалерите играа со дресови на кои беше покриено името на компанијата и пишуваше само „Шалке 04“.
И УЕФА најави прекин на договорот со оваа компанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА