Абрамовиќ доби стратешка улога во војната меѓу Украина и Русија, тој веќе е во Белорусија

Роман Абрамовиќ пред неколку дена го напушти лондонскиот клуб по речиси две децении поминати на чело на Челси. Абрамовиќ отсекогаш бил во пријателски односи со Владимир Путин, но улогата што ја доби во војната меѓу Украина и Русија шокираше многумина.

Имено, според информациите на странските медиуми, Роман ќе биде посредник во преговорите меѓу Украина и Русија кои се водат денеска. Рускиот бизнисмен и еден од најбогатите луѓе денеска веќе е во Белорусија и се согласил на барањето на Украинецот да учествува во преговорите меѓу двете страни.

„Можам да потврдам дека украинската страна се обиде да најде некој во Русија кој е подготвен да најде мирно решение. Тие контактираа со Роман Абрамович преку еврејската заедница“, изјави украинскиот филмски режисер Александар Родњански.

Родњански рече дека е во постојан контакт со луѓе блиски до претседателот на Украина Зелински и дека тие се благодарни за се што прави Абрамовиќ. Во меѓувреме, ПР-одделот на сега веќе поранешниот претседател на Челси потврди дека Роман учествува во разговорите, но одби да открие повеќе детали.

Инаку, Абрамовиќ остана сопственик на Челси, само што раководењето со лондонскиот гигант го препушти на други луѓе, поточно на добротворната организација Челси.

 

 

 

Се вчитува...